„ТРАГА“ ОД БОЖАНА ТРЕНЧЕСКА

Нова поeтеска творба

Ноќеска око не склопив,

патував со мислите,

а патот долг – недоглед.

За водич го побарав звезденото небо,

за придружник тишината,

спомените беа моја дестинција…

Ова се само дел од стиховите во новата поетска збирка “Траги” од Божана Тренческа, која е трага споменарник со стихови.

Рецензентот Сузана Ѓорѓиевска, ќе забележи дека авторката не ја лишува од нарација својата песна.

– Со мала лажичка нуди наситка и со мала голтка на жедни заситка. Вечно ја отвора големата капија и вели “добредојде”, подавајќи ги добрите мисли – посочува ЃОрѓиоска за објавените  91 песна.

Тренческа, член на Клубот на литературни творци, издала неколку стихозбирки, збирки раскази, романи, од кои повеќе наградуваниот “Бојана на Тодор”. За придонесот во литературата е добитник на Третоноемвриска награда на Прилеп.       

Loading