„НОВИ ЕНЕРГИИ“ ОД ИСКОВ

Изложба

Изложбата “Нови енергии”, на која се претставени делата на 40 новопримени членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, отворена во галеријата на Домот на Армијата во Скопје, го привлекува вниманието на јавноста. Меѓу творбите е и дело на нашиот уметник Методи Исков.

– На првата изложба како нов член во ДЛУМ се претставив со скулптура од циклусот со наслов “Структури” изработени во дрво. Предизвик ми е што сум еден од повеќето избрани нови членови на ДЛУМ. Се надевам на добра соработка, многубројни изложби и нови простори каде ќе можам да ја прикажам мојата креација. Моментно истражувам меѓу сликарството и вајарството, перфомансот и редимејд. Годинава ќе го покажам резултатот – вели Исков.

Насловот е избран бидејќи сите уметници, нови членови на ДЛУМ, придонесуваат, на еден начин, за нови стилови и нови идентитети во ДЛУМ.

Loading