„ГРЕТА“ В ТЕАТАР

В среда

“Грета”, според Луц Хибнер и Јохан Волфганг фон Гете, во адаптација и режија на Тамара Стојаноска, на театарот Златен Еленец, ќе биде изведена на 28 февруари,  в среда в театар. Играат Димитрина Мицкоска Трајкоска и Ане Блажовски. Музиката е на Лука Тошев, а вокал е Дина Јашари.

Од независниот театар велат дека се раскажува приказна за театарот, за создавањето на театарски светови, за пробата и процесот, за актерите како душата на театарот, за односите на театарските уметници во еден процес. Ситуациите и ликовите се модели земени од театарскиот свет, ликови кои на сите театарџии ќе им бидат многу блиски и познати. За оние кои не се во оваа професија, ќе биде ѕиркање во театарска приказна, која преку комедија ќе води низ процесот на создавањето на една претстава. Ликовите се обични луѓе со различни погледи, методи, принципи и поинаква љубов кон театарот и животот. Прикажани се осум концепти за култната сцена со кутијата на Грета од “Фауст” и двајца актери кои зборуваат за професијата, за магичните, но и за тешките моменти со кои се судира театарскиот уметник. Театарот постоел илјадници години и ќе постои, покрај тешкото време, бидејќи ова е начин на живот, чудна моментална магија на сцена која што не се повторува двапати.

Loading