ШАНСА Е ТЕТЕКС

Футсал

Викендов е 16. рунда од Втората кошаркарска лига. Екипата Мега баскет оди во Тетово, кај Тетекс. Мечот е шанса за рехабилитација на прилепскиот тим, по поразот дома со 67:78 од Шкупи. На овој дуел се водеше рамноправна борба се до 2-3 минути пред крајот. Тогаш гостите со серија поени стигнаа до разлика, недостижна за домашниот тим.

Табела: МКК Куманово 30, Маџари 28, Шкупи 27, МЗТ Уни 25, Ангели 24, Соколи и Борец 22, Мега баскет, Водно и Работнички 20, Тетекс 17, Куманово 2009 – 14.

Loading