ПРЕДИЗВИК Е БАШКИМИ

Фудбал

Претстои 17. рунда од Втората фудбалска лига. В сабота (14 ч) на Градскиот стадион “Гоце Делчев” е дуелот Победа – Башкими. Гостите се силен противник, на последниот меч тоа го потврдија (со 2:0 го совладаа Охрид на негов терен), но и Победа има свој план – трите бода. На оптимизам наведува освоениот бод во Тетово, со Тетекс, преку нерешениот резултат 0:0. За младиот тим Победа в сабота е многу важна поддршката од навивачите.

Табела: Беса 43, Пелистер 36, Детонит 35, Арсими 26, Скопје 24, Кожуф и Охрид 23, Новаци 22, Вардар Н. и Башкими 21, Беласица 20, Тетекс 19, Победа 16, Караорман 14, Осогово 12, Саса 8.

Loading