АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Инфериорни, а се прават супериорни.

*

Кога живееш под туѓи услови, така и ќе умреш.

*

И до “трета мајка” техничка влада, а што потоа?

*

Нема јуначки дела, а многумина се прават херои.

*

Производителите на војни постојано имаат купувачи на смрт.

*

Кога секој би знаел каде оди,  нема да се прашува, каде оди државата!

*

Секој лош – в ќош!

“Д-р Хаџи-Васков

Loading