ПРИЛЕП Е ДО ВРВОТ

Ракомет

Убаво изгледа табелата од плеј-аутот на Супер-машката ракометна лига. Таму на 2. место е екипата Прилеп, со двата бода пренесени од првата фаза и со шесте бода освоени во втората. Најновиот успех е со убедливи 36:29 врз Голден арт во Скопје. Најдобри стрелци: Денис Шабановиќ 12, Пеце Рајатовски 7, Владан Кастратовиќ 6 гола. По ваков редослед на настаните, се очекуваат само победи. Викендов дома е мечот со скопски Мултиесенс.

Табела: Еурофарм Пелистер 2 – 9, Прилеп 8, Куманово и Мултиесенс 4, Скопје, Вардар и Голден арт 3, Аеродром 0.

Еипата Деспина, по поразот дома со 18:20 од Стружанка, викендов гостува кај фаворитот Металург во Скопје, во Супер-женската лига.

Loading