ВТОРО МЕСТО ЗА СТАНОЈОСКИ

Шах: Второ издание на “МАТ”

Одличен пласман за велемајсторот Звонко Станојоски, на второто издание од Меѓународниот брзопотезен шаховски турнир “МАТ 2024”, во СОУ “Орде Чопела”. Тој е на 2. место, веднаш до победникот ИМ Милош Станковиќ од Србија. Станковиќ на деветте партии освои 8,5 поени, Станојоски 7,5 колку што има и третиот ВМ Петар Дренчев од Бугарија. До наградите стигнаа првопласираните десетмина, меѓу кои уште се: Антон Златков (Македонија), ИМ Борољуб Златановиќ (Србија), ФМ Андреј Велјаноски, ИМ Тони Лазов, ФМ Роберт Велески, ИМ Никола Николовски и Горан Готовуша (Македонија) со по 7 поени. Останатите награди се: најдобар играч од Прилеп за 19-топласираниот Шкриељ Зеца, најдобар со рејтинг до 2000 поени за 16-тиот Стојан Велкоски, најдобар на возраст над 65 години за 13-тиот Методи Стојнев (Бугарија) , најдобар на возраст до 18 години за 14-тиот Андреј Неделковски, а најдобра шахистка е 25-тата Моника Жежовска.

Организаторот ШК Прилеп додели награден фонд од 90 илјади денари.

Loading