ПРИЛЕПЧАНИ ТРЕБА ДА ЗНААТ И ЗА ОСТАНАТИТЕ 95%!

Пале Печијареска Матеска:

По отчетот на градоначалникот, со свој фејсбук статус се јави и Пале Печијареска Матеска, вработена во локалната самоуправа. Таа важи за човек кој ги познава состојбите во општинската каса, а која сподели и принтскрин од сајтот Отворени финасии и Министерство за финасии. На нејзиниот профил јавно напиша:

“Транспарентно и отчетно прилепчани треба да знаат: Општина Прилеп во 2022 и 2023 г. има потрошено 2.779.416.310,00 денари или 45,1 милиони евра. Од овие пари, прилепчани видоа само градежна офанзива и најава за отворање на градинка која за брзо време нема да се отвори. Во овие 45 милиони евра не се опфатени ЈКП Комуналец, ЈКП Водовод и канализација, Пазари и ЈП за ПУП. Ако ги додадеме и нив најверојатно ќе се надмине сума од 100 милиони евра (подобро да не знаеме оти глава боли). Што добија прилепчани!??? Детска градинка која не е отворена со 80 милиони денари (3 % од потрошеното). Градежна офанзива (1,5 % од потрошеното). Најверојатно ќе се пофалиме со еднократна парична помош за новороденче, субвенции за велосипеди, награда за талентирани, средства за НВО и спортски клубови а тие се околу (2 % од  потрошеното). Прилепчани треба да знаат и за останатите 95 %!! Отчет на илјада страни во електронска форма ставка по ставка, фирма по фирма, личност по личност кој се зел пари и за што!! Ете тоа е транспарентност и отчетност!!

Во вториот пост пак, таа прашува каде се кривичните пријави:

“По еуфоријата дека се  исплатиле обврските по криминалните тендери за кои што држевме пресови и НАЈАВУВАВМЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ,  а денес АПЛАУДИРАВМЕ и СПОДЕЛУВАВМЕ дека се исплатени прогуглав по интернетов. Заклучок:

1. По извештајот кој е објавен од министерство за финансии, Општина Прилеп заклучно со 31.12.2023 г. има пријавено обврски од 57,5 милиони денари или во 936.130 евра (освен ако еврото е 72 денари, а јас да не знам оти живеам во друг свет па се 800.000 денари), 

2. Обврските од тие 292 милиони денари беа со вклучени договори по кои не беа извршени услуги (кој разбира доспеани и недоспеани обврски ќе ме разбере) Пример по договор за градинката беа 133 милиони денари (е градинката е исплатена 88 милиони денари што значи само за градинката треба да се исплатат уште 40 и кусур милиони денари, а ГРАДИНКА НЕМА!! За градежната офанзива од 120 милиони денари платени се 40 милиони денари што значи има уште 80 милиони денари до 31.12.

3. Ако второво не е точно (а е точно според податоците од отворени финансии), пошо од тие 57 милиони денари исплатени се 34 милиони денари долгот денес треба да е 23  милиони денари или 400 илјади евра.

Е сега прашања :

Како обврските 800 илјадии евра кога само за градинката и градежната офанзива се 120 милиони денари. А другите договори и обврски !???

Најверојатно денешната лага  ( советници и експерти за финансии ви ги дале податоците) многу ви се допадна, па се ви е розово.

П.С. Наредниот што ќе дојде како што тргнала работава, ќе наследи обврски не од 300, туку од 500 милиони денари, пошо како шо велеше еден човек ние немаме за леб, а трошиме на  чоколади.

П.С.С. Кривични нема, криминалот на претходната власт го заборавивме.

Продолжете така, на прав пат сте да го доуништите градов… Сега уште за градинкава камата да платите, наместо кривична да поднесете!!” –  пишува јавно Пале Печијареска Матеска.

Loading