ПАРИ ЗА ПРЕТСТАВИ, КОНЦЕРТИ…

Со годишната програма на Министерството за култура, финансиски поддршка од национален интерес, се нуди квалитет, креативни и иновативни изрази, реноме и поддршка на млади уметници. Во Прилепфинансиски ќе се следат театарски претстави, концерти, фестивали, археолошки истражувања, манифестации…

ЦК “Марко Цепенков” ќе подготви три претстави, “Бура” од Шекспир, во режија на Џон Блондел, “Празен град” од Дејан Дуковски во режија Срѓан Јаниќијевиќ  и  “По име Господин” од Филип Лоле во режија Борис Василески.

За фолклорот, пари има за концертот на “ЕХО” на Зарина Првасевда, промоција на албумот “Од колено на колено”, за концертот на ансамблот “Македонија”, за гостување на ансамблот на народни инструменти и песни “Стефче Стојковски” и целовечерен концерт, за концертот “Заедно со КУД Пере Тошев” и за работата на КУД “Моминок”. Ќе гостува Националната филхармонија со Борјан Цанев и Нина Костова, ќе има вечер на аргентинска музика, два пијано концерти и концерт на женскиот хор “Керамија”.

Од визуелната уметност се поддржуваат 10 изложби и колонијата Дрен. Тука се ретроспективни изложби од Илија Миноски и Васил Костов. Ќе се печатат два броја од списанието за литература, уметност и култура Стремеж.                       Заводот и музеј ќе биде следен во 27 проекти, од кои 15 се за заштита, 11 за музејската дејност, еден меѓународен проект заедно со Европскиот центар за позвизантиски и византиски споменици и за библиотечната дејност.

– Акцентот е ставен на продолжување на проекти и на валоризација на објекти – вели директорот Горан Цветкоски.

Министерството ќе следи конзервација и реставрација на 32 предмети од збирката епиграфски споменици во камена пластика, археолошки истражувања на Бедем на локалитетот Стибера, проектот “Потомците на борците”, евиденција на антички и христијански споменици во прилепскиот регион, презентација на книжните икони, хепенинг во чест на Блаже Конески и др.

Институтот за старословенска култура ќе може да истражува на античката населба Колобаиса и ќе го промовира и проектот за културната рута на Советот на Европа. Министерството “најде” пари за истражување на локалитетот кај Бонче. Средства има и за МТФ “Војдан Чернодрински”, Фестивалот на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски”, фестивалот за деца “Силјан Штркот”,  Фестивалот на нов европски филм…

Фото кино клубот доби пари за изложба и за манифестацијата “Прилеп фото фест”, а Клубот на литературни творци за “Поетско Маркукуле”. ДЛУП ќе земе пари за проекти, а уметникот Ферди Булут за работилница за скулптура. Финансирано е КУД “Мирче Ацев”, проектите на Медија Прилеп, на Мери Бошкоска, на Звонко Димоски, пијанистката Јасмина Трајческа, на уметниците Марјан Стојаноски, Дарко Талески, на Кирил Гегоски…

Loading