ЗИМСКИ ДУХОВЕН РАЈ

Манастирот кај селото Лознани   

Манастирот на Свети Кирил и Методиј и Свети Ѓорѓи се наоѓа кај селото Лознани на околу 20 км. од Прилеп. Локацијата е само на неколку метри од древните урнатини на старата црква. Изградена е во 1990 г. од Бисера Димитровска. Таа раскажува дека една ноќ била разбудена од Мајка Богородица. И рекла да изгради манастир во близина на местото на старата црква на Свети Кирил и Методиј.

По многу години градба и опремување, манастирот стана еден од најпознатите манастири на Балканот, каде што жените доаѓаат да се молат, да пијат света вода од чешмата во црквата. Многу празници се негуваат во манастирот, богослужби, литургии и многу други религиозни церемонии и собири.

Црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна и осумаголна купола. Куполата содржи по една монофора на секоја од четирите страни со поголема површина. Градена е наизменично од камени и од црвени тули. Покриена е со ќерамиди. Влезот е на западната страна. Над него има две претсобја, од кои првото е полукружно и содржи фреска на Свети Кирил и Методиј, додека второто е кружно со фреска на Богородица Марија. Северната и јужната страна од храмот содржат по една монофора. Внатрешноста на храмот е живописана. На крајниот лев дел од иконостасот се наоѓа икона на која се прикажани Свети Кирил и Методиј и Свети Ѓорѓи.

Камбанаријата е во манастирскиот дворсо квадратна основа со по две вертикално поставени монофори на секоја страна. Изградена е од камен и тули, а покриена е со пирамидален покрив од ќерамиди. Камбанаријата ја красат голема икона на Исус Христос која гледа кон луѓето од црквата и прекрасната икона на Мајка Богородица, Христос и многу други светци.      

Loading