ЦЕЛ СВЕТ СЕ СОБИРА ВО ПРИЛЕП

Моделарство

Спортскиот воздухопловен клуб Фил феникс најави богата, натпреварувачка 2024 година. Членовите ќе учествуваат на врвни домашни и меѓународни натпревари. Најважни се светските купови и светските првенства. Светското сениорско првенство ќе се одржи во Романија (потенцијални учесници се Димче Велкоски и Анастасија Пожарска), а Светското јуниорско (учесници Лука Најдоски и Михаил Пожарски) е од 6 до 10 август во Прилеп, кај Веселчани. Наскоро ќе се испечати и поштенска марка со мотиви од овој голем спортски настан.

Големо задоволство е што Фил феникс лани имаше одлични настапи. На светските купови освоени се по три златни, сребрени и бронзени медали. На Државното првенство, во категоријата едрилици освоено е првото место во генерален пласман, екипно. Освоени се првите места и во сениорска и во јуниорска конкуренција. Истакнати се Анастасија Пожарска и Лука Најдоски, најдобриот спортист на клубот за 2023.

Клубот лани успешно ги организира традиционалните, светските купови “Трофеј на Прилеп”, “Македонија куп” и Светскиот куп за дронови. Најголема награда е за клупскиот директор Здравко Тодороски, признание од ФАИ (Меѓународната воздухопловна федерација), така што Македонија сега е меѓу 17 држави добитнички за изминатите 35 години.

Спортското воздухопловно моделарство од годинава влегува и во училиштата.

Loading