ПРИЛЕП ПРОТИВ СКОПЈЕ

Ракомет

Одморот завршува, стартува плеј-аутот од машката Супер-лига, почнува борбата за опстанок. В сабота (18,30 ч.) во салата на СОУ “…Ричко” машкиот ракометен суперлигаш Прилеп прв противник го има тимот Скопје. Според есенскиот дел, каде во фазата по групи Прилеп освои 10, а Скопје само 2 бода, прилепчани се фаворити. На табелата екипите имаат пренесени бодови од претходната фаза, Голден арт и Пелистер 2 по 3 бода, Аеродром и Прилеп по 2, Куманово и Мултиесенс по 1, Вардар Н. и Скопје се без бод. Само најдобрите три се спасуваат.

Прилепскиот тим има две засилувања, левиот бек Ангелче Органџиев (Тиквеш) и средниот бек Ерик Андраде (Бразил).

Женската лига стартува на 17 февруари.

Loading