ТЕШКО ГОСТУВАЊЕ КАЈ МАЏАРИ

Кошарка

Претстои 14. рунда од Втората кошаркарска лига. Екипата Мега баскет гостува кај Маџари, во Скопје. Тежок меч, оти Маџари е второпласирано со 24 бода, Мега баскет седми со 18, а есеноска во Прилеп беше 72:59 за скопјаните. Но, пролетва прилепскиот состав е во одлична форма. Потврда се победите на гости над Куманово 2009 со 73:35, како и дома со штипските Соколи со 97:83. Вториов е двоен успех, Мега баскет не само што освои два бода, туку и победи со повеќе од 7 поени разлика, колку што изнесуваше поразот есеноска во Штип. Најдобри стрелци: Стефан Стевананџија и Благојче Велески со по 19 поени.

Табела: МКК Куманово 26, Маџари 24, Шкупи 23, МЗТ Уни 22, Ангели 21, Борец 19, Мега баскет, Соколи и Работнички 18,  Водно 17, Тетекс 15, Куманово 2009 – 12.

Loading