Фудбал
Иако Победа е во тешка ситуација, има заинтересирани фудбалери отстрана да се приклучат. На досегашните пријателски натпревари се појавија скопјаните Дамјан Зенговски, Дестан Адили (Работнички), Марко Ристов (Кожуф) и Таулант Влаши (Караорман), кавадарчанецот Глигор Шиков (Тиквеш), охриѓанецот Теодор Речкоски (Охрид). Преодниот рок е до 11 февруари. Останува да се сочека кој ќе пристапи во прилепскиот второлигаш.
На пријателските се доживеани порази, 1:3 со Охрид и Вардар Н. 0:3 со Кожуф и Арсими. Во средата Победа – Пелистер (0:0).
В недела е последниот тест-меч, со Борец во Велес.