АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Не влегувај во дијалог во кој ќе останеш без зборови.

*

Кога граѓаните најмногу имаат потреба, граѓанските организации најмалку се забележуваат…

*

Кога ќе ти ја покажат вратата употреби ја, ако не сакаш да скокаш од прозорец.

*

Убаво е кога си во кругот на семејството, а не во некоја друга геометриска форма.

*

Лошо е кога има филмови во кои дилетанти се ѕвезди, а ѕвездите – статисти.

*

Вирус или фотелја, борбата е сега.

*

Најголема срамота е  да не се срамиш од својата срамота.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading