ЗБОГУМ НА КАШЛИЦАТА

За збогување од кашлицата, па и неколку децении, се подготвува сируп со 3 намирници,  меласа од грозје (маџун), маслиново масло и лимон.

Потребни се 2 супени лажици маслиново масло,1 супена лажица маџун и 2 супени лажици лимонов сок. Во сад се мешаат сите состојки до добивање на еднолична смеса. Се складир во помал сад, а пред секој употреба добро се протресува.

Не се прават големи количини одеднаш, зашто со подолго стоење се губат лековитите својства.

Се користи 1 супена лажица дневно, 2 часа после оброк.

Помага во ублажување на гребење, болка и воспаление во грлото. Ја зголемува отпорноста на телото против респираторни заболувања како грип и настинка. Добро е за анемија.

Маџунот е чиста органска намирница која се бара и како лек. Тој е лек за регенерација на црниот дроб. Болните од жолтица и цироза имаат доста леснотии во лекувањето. Добар е за болести на белите дробови, анемија и имунитет.

Loading