ВТОРА НАГРАДА ЗА АНЕТА МИЦЕСКА

Наставничката Анета Мицеска од ОУ “Рампо Левката” се закити со втората награда на конкурсот “Јазикот е нашата единствена татковина”, на фестивалот “Ракатки”. Учествувале многу наставници од основните училишта, љубители на пишаниот збор.

Наградената песна ќе биде дел од печатениот алманах на детскиот литературен фестивал “Ракатки” за 2024 година.

– Задоволство е да се твори за татковината и нејзините обележја. Нааградата е поттик за понатамошно творештво. Мислите и зборовите се нижеа со силна емоција и голема љубов. Творев со голема желба да се зачува и мојата песна во книга од која помладите поколенија ќе го збогатат знаењето и ќе учат како се сака татковината, како се твори и се дава за неа. Македонија се сака со дела, без да се очекува возврат – вели Мицеска.

 Како наставник, посветува големо внимание на изучувањето на  јазикот.

– Ги запознавам учениците со традицијата и убавините на нашата Македонија. Со посебна љубов и внимание се осврнувам на обработката на содржините да се развива љубовта кон татковината од мали нозе. Да се зборува за јазикот е како да се зборува за корените на секој човек. Јазикот е нашето богатсво и наше обележје. Треба да го негуваме и збогатуваме. Да не дозволиме да биде доведен во прашање, бидејќи би се довело во прашење нашето постоење, дентитет кој нема цена за нас и за секој човек – потенцира Мицеска.

Loading