ДЕЦАТА СЕ ИНТЕРЕСИРААТ ЗА УСОВРШУВАЊЕ НА ТЕХНИКИТЕ ВО УМЕТНОСТА

Кај голем број ученици голем е интересот за континуирано откривање и  усовршување техниките и знаењата за уметноставелат уметниците Елена Димоска и Методи Исков, кои преку ателјето Артика пренесуваат знаења од областа на уметноста.

– Младите треба креативно и продуктивно да го користат слободно време, од најмала возраст. Нашето уметничко семејство брои околу 60 членови, Најмалите уметници се само пет години. Создадовме креативна и пријатна атмосфера каде целото внимание е насочено на уметноста. Децата имаат можност да се запознаат со различни техники, почнувајќи со основните цртачки материјали, сликарски техники, па се до скулптура. Преку професинални насоки од нашиот тим се создаваат дела соодветни за возрасната група. Креираме годишни изложби да ја потенцираме уникатноста на секој член, ја подигаме мотивацијата и ги учиме младите уметници да го следат својот прогрес – велат Димоска и Исков, нагласувајќи дека ја будат креативноста и откривањето на уметничкиот ракопис.

Loading