ВЕЧЕРВА И УТРЕ В ТЕАТАР  „СТАПИЦА ЗА ГЛУВЦИ“

По минатогодишната премиера, вечерва и утревечер од 19.30 часот во театарот ќе може да се проследата првите репризи на претставата “Стапица за глувци” во режија на Борис Василески.

Претставата говори за неправдата, кога не се разрешува на задоволителен начин и кога злосторникот не ја добива соодветната казна, предизвикувајќи желба за одмазда. Оттука почнува приказната за човековата перцепција на вистината.

– Секој мисли дека неговата перспектива е правилна. Но што е, всушност, вистината? Како се манипулира со човековите мисли и зошто е толку лесно човек да се наведи на размислување во погрешна насока, да направи приказна во главата и да поверува во неа? Сомнежот е фрлен врз секого. Секој претставува потенцијална опасност, затоа што секој има своја скриена приказна. Претпоставките, едноставно, мора да бидат преиспитувани. Пред публиката е поставена загатка, енимгма, да се обиде да открие кој е убиецот и да дознае дали почетните сомнежи биле точни –  стои во образложението за претставата.

Играат, Сара Спиркоска, Илија Волчески, Дарко Карбески, Александар Тодески, Марија Спиркоска Илијеска, Даниела Иваноска, Михајло Миленкоски и Димитар Ѓорѓиевски.

Loading