НЕМА РАЗЛИКА МЕЃУ МЕДИЦИНСКА И ОБИЧНА СОДА БИКАРБОНА

Сода бикарбоната е многу добра за здравјето. Придобивките се повеќестрани. Таа го чисти и балансира организмот.

Натриум бикарбонат е нормален составен дел од нашето тело. Важно е да се измери нивото на бикарбоната во телото. Има примери кога содата во поголеми количества предизвикува проблеми. Затоа првин се проверува дали има ацидоза, мерење на нивото на бикарбонатите.

Докторите велат дека нема разлика меѓу обичната и сода бикарбоната за медицински цели, која е многу поскапа. Всушност, е толку мала, што е маргинална. Разликата е во малата количина на натриум бикарбонат во медицинската сода. Нема потреба да се фрлаат парите за поскапата.

Сода бикарбоната е одличен сојузник во борбата против габичните инфекции на јазикот и во усната шуплина.

Стар рецепт е  100 мл вода и 1,5 лажички сода бикарбона. Се раствора, па се зема газа и с навртува на прстот, се топи во растворот и потоа а чисти усната шуплина. Габите не поднесуваат сода бикарбона. Потребно е повторување 6-7 пати, особено после оброкот, убаво да ја исчистите устата со сода да се отстранат наслагите од кандида”.

Содата ги олеснува стомачните проблеми. Добра е за ждригавица, односно киселини во желудникот. Сепак, постои ограничување. Со растврена сода во вода се смирува ждригавицата, но делува половина час подоцна. Растворот помага за привремено ублажување на тегобите.

Содата е ефикасна за лекување на кандида.

Ако се јаде многу шеќер, тогаш се нарушување на балансот. За овој случај најдобро помага диета, односно начин на исхрана со која габата ќе се изгладнат и ќе се повлечаат.

Loading