ЗАКРПЕНИТЕ ВО НЕВЛАДИНА?

Прилепски мајтапења     

– Море Цане, кај акна, кај исчезна, народецов жеден за драпачки, тебе човек, око не може да ти види, да не пропадна вземја, мајката?

– На смендер бев, Рампо. Лесно ти е да се драпаш на тујџа сметка. Прашај ми ја душичкава како и е, после чешај се.

– Шо и е на твојата душа, да не ти ја побара Св. Арангел? Ги гледаш абонативе, подзинати чекаат нешто да подрапаме.

– Шо им натежнало толку многу Рампе?

– Како шо, струјата, комуналиите се ппоскапи, бензините одат нагоре, од Европа дојдоа и без срам и перде велат Бугарите, во уставот, Бигарите, инаку тешко вас?

– Смеата на страна, бев на кируршко, на опарација.

– Море Цане, токмак еден, не се вели на кируршко, туку на хируршко, не се вели опарација, туку операција. Што ти закрпија хирурзите, како помина?

– Арно, за една недела не скроја седумина, како во каубојцкио филм “Седумтемина величенствени”. Ко се отрезнивне од опивката, сите килави, нема кој да стани, чаша вода да ти дај.

– Како се снајдувавте?

-Одржавме изборно Собрание. Само баце Коле од Демирхисарско не беше килав. Него го избравме за собоначалник и олеснувач. Танас од Витолиште за политички секретар, да има некој за да поднесува амандмадиња, за членој бевме Богоја шоферо од Прилеп, Спиро од штавичко маало, агата Ирфан од Тризла, Стале мајсторо од Дуње и се разбира јас.

– За шо дискутиравте, донесовте, белки некоја одлука да ја прифатат ЕУ, ОН, парламентиве и партииве…? 

– За малото прсте, не можат да ни се ватат. Провункциониравме на највисоко можно ниво.

– Сите по нешто драпавте?

– Да бе, Коле не претставуваше пред лекарскиот конзилиум, Танас секретаро ти бил порен од Кофи Анан, ги токмеше актуелните прашања, Богоја водеше сметка кој како проодува, на кого и како не му функционираат ауспусите. Спиро ги бележеше визитарите и кој на кого шо му донесол, а Стале, кого го вијаа колениците, беше задолжен за временцката прогноза.

– И, заклучокот?

– Вормиравме Здружение на килавите, за наредните избори, да прерасниме во партија.

– Утре сабајле, ќе почекате!

– Оти, шо грешка најде?

– Сте ја цапнале шарката. Совреме барајте друго име, ако разберат јужниве соседи ќе ви го оспорат пред ЕУ и ОН!

– Е, оти?

– Дури бевте отсутни, Грција ја прогласија за финансиски најкилава држава во Европа, лапнала без да каже 300 милијарди евра, разбра али не?!

– Шо има врска нашето име со незините лапнати миљарди. Како прв пат да и е?

– Таа нема да се согласи некој друг да биде покилав од неа, ете затоа Цане, брате.

– Ами чаре?

– Викајте се Здружение на закрпените, како што Грција ја закрпи Европската Унија!

Loading