НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ

Воодушевувачки новогодишен концерт имаа учениците од музичкото училиште “Ордан Михајлоски – Оцка”. Се претставија хорот, оркестарот и младите надежни музички таленти. Стотина деца предизвикаа овации со одбрани игриви и новогодишни композиции од различни автори. Се слушнаа Чајковски, Моцарт, Глук, Пјацола, Брамс, Хендл, Џоплин… На крајот оркестарот да го изведе валцерот од Штраус “Убавиот син Дунав”.

Новогодишниот концерт беше музичко патување со бендот Кире Гаралоски, Диме Џагадуроски, Илија Чакароски, Илија Иваноски, Борис Миленкоски и пријанистката Христина Никоска Тасеска.

Loading