ЗАСИЛУВАЊА ВО РК ПРИЛЕП

Ракомет

По пелагониското дерби со Еурофарм Пелистер, почна одморот за тренерите и ракометарите на машкиот суперлигаш Прилеп. Во Б-групата од Супер-лигата, по 14 есенски кола, Прилеп е на 6. место со 10 бода, така што претстои плеј-аутот. Како ќе изгледа тимот во следната фаза?

– Останува моментниот ростер на играчи, како и Стручниот штаб, каде нема промени. Претстои време за работа на засилувања, кои ќе бидат клучни за опстанокот. Многу скоро ќе се дознае кои нови ракометари ќе пристапат до првиот нареден собир на 15 јануари – најави Александар Мариновски, претседателот.

Во Супер-женската лига на Македонија, Деспина, по поразот од Вардар со 33:28, викендов дома игра со Пелистер.

Loading