ЧЕШАЊЕ СО СЕСТРА МИ

-Кај си..!

-Да останише без глата.

-Убо ме блосој од сабајле…

-Не ти реков да умриш. Шо е муабетот.

-Шо прајш, те немам денетисано појче време?…

-Ти изгоре таквото. Купи ден, помини. Че сркниме по едно каве на сабајле со сестра Вера и…

-Од кога Вера ти е сестра?

-Ко брат и сесра сме. Цел ден дремиме. По некој муабет че излези. И толку. Само за чешање се бараме. Ништо друго комши.

-На годиниве треба да си јак само на прстите и ноктите?

-Душа сака некогаш и друго, ама… Да не тресиме глупости. После кавето, џизла в чаршија. Порано, да се вати позиција. Инаку че дремиш ко мисир на чатија.

-Таму, фиран си праел. Плачеле од тебе. На бандаши си ги пуштал?

-Се поддрапуваш по малце, а?

-Таков ни е јазикот, прилепски. Се накриво разбираш. За мајсторлукот, ништо не кажуваш?

-Се мајтапиш? Од ингилизиве денар не се скубнува. Влакно не му се дава, а не пари. Уште на врата ти се пулат в џеп. Дури друго че дрпнат, да не дат некој денар. Ако сутнам, со извршител да земиш. Занимација. Краста и чивија. Ко чеклас е.

-Ме мафтосуваш. Плачиш дека губиш да не честиш една ракија. Те знам шо катара си.

-Не бе. Појќе губам од шо добивам. Знам да играм, ама картата ме…

-Дупат?

-Тебе да те дупат, Не оди. Понекогаш че влези, ама не до влегува.

-То, не ти изгледа ко дупење?

-Ме праша, ти кажав. Врви времето до ручек. После, 2-3 ракии, па 2-3 саати турска гимнастика. И то е.

-Навечер пак турски серии?

-Погоди. Вајчам пусија од 8 сатот на каучо со цигарчината. Ги терам сериски, дури не ми клапнат капациве. То че остани. Ај да побрзам кај “свадбана”, да не ми го ватат местото. После ти че на…

-Бичи! Да им го шибниш. Утре те чекам да честиш ракија. Поздрави таму.

-Ти поздрави ги тие шо че ги видиш.                                                                                                       

Loading