АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Со “Авенија на ограбените Македонци” треба да се именува најдолгата улица во државата.

*

Оние кои се грижеа за безбедноста, се обезбедија и за внуците.

*

Партиите се повеќе бараат далтонисти кои ги распознаваат само нивните бои.

*

Кога немаш ни за сол, секој ќе ти соли памет.

*

Кога сакаш да добиеш по секоја цена, лесно можеш да загубиш по никаква цена.

*

Му овозможија широк избор – од бела врана до црна овца.

Др. Хаџи-Васков

Loading