Кој нема грб зад себе, сите ќе го товарат.
*
Песна заслужува секое зрно жито.
*
Реката од спомени не се сопира.
*
Не посегај кога знаеш дека немаш ништо во рака.
*
Оганот се гаси од онаму од каде започнал.
*
Кога си вон себе не е чудно што зборуваш сам со себе.
*
Не правете пустина околу себе нема ни оаза да остане.
“Д-р Хаџи-Васков”