Сите што фаќаат кривини не сфаќаат дека се вртат во круг.
*
Покрај тројанскиот коњ и многу магариња сакаат да постанат тројански.
*
Не ни се пишува добро особено кога сами си го пишуваме.
*
Власта најмногу се губи во сопствените лаги.
*
Најмногу се развива индустријата на лаги.
*
Зад грб секогаш ќе ви работат оние што не заслужуваат да бидат пред вас.
*
Креативците не се мирни ниту во сонот.
“Д-р Хаџи-Васков”