РЕКРЕАЦИЈА И МЕНТАЛНА ГИМНАСТИКА СО АМЕРИКАНСКИ БИЛЈАРД

Нов забавен простор во градов

Новото американско билјардо е достапно и за прилепчани. Во билјард кафе клубот кој се наоѓа во старата зграда Табана, на посетителите им се нуди можност за забава и рекреација преку играње на неколку модерни професионални маси со отвори за американски билјард. Идејата на дел од членовите на билјард клубот била да се популаризира оваа игра која зафаќа се пошироки размери во светот, а дури во Кина е вметната како предмет за изучување во образовниот процес поради менталниот развој на младите. Носители на просторот на клубот се Киро Најдоски, Жарко Стеваноски и Бобан Синадиноски.

– Идејата за клубот е моја, на која се приклучија останатите двајца. Овој билјард е различен од класичното кое се игра во Прилеп со чинетки, овде на чоената маса со поголеми димензии, отворите се помали што бара поголема прецизност. Сакаме клубот да биде од отворен вид и да привлече поголемо внимание и афирмација. Играта бара смиреност, концентрација, умешност, прецизност, вештина, трпеливост, идеја, стратегија за следниот удар. Важно е да се дружиме, но се надевам дека ќе поминеме на друго ниво каде ќе привлечеме млади луѓе кои ја сакаат играта и ќе се оспособат да се натпреваруваат на повисоки рангови, па дури и на светско првенство – вели Кире Најдоски.

Располагаат со две професионални маси со 9 фита, две пикада и два плејстејшени и катче за освежување.

Контактираат со професорите по физичка култура од училиштата за доближување до младите затоа што станува популарен спорт.

Ги уриваат стереотипите дека билијардото е комарџиска игра.

Во светот играта се популаризира. Од соседните земји има светски првак веќе пет години и натреварувачи коои стигнуваат до финале.

Се надеваат дека и од нашиот град ќе дојдат млади надежни играчи кои ќе бидат дел и високо ќе котираат во светски рамки. Прилеп веќе има познати и искусни играчи, тоа се Тале Самарџиоски, Кире Зајкоски, Владимир Ѓорѓиоски и Александар Крстески.

Loading