ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (217) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Утрото некаде во три саатот со викање во темницата дојде Бошески Борис протуѓерот кај огнот на сред селото и со неговиот изговор вика најш, најш, кој ми е зеде мојото брано што си го влечам житото при сеење ќе го пронајдам крв ќе п-с-р-. Борис така несреден станат сонлив од пиење гашникот од долните гаѓи му беше излезен преку горните палталони Павлески Борис со смеа му вели, Борка ти се мавта, беси, виси. Уште не доискажан Павлески Борис протуѓерот налутен му одговори, носи го поздрав на м-ј-а т-. Павлески Борис на Борис Бошески протуѓерот му возврати, кога ќе дојдиш во ваганот по сторени пиперки ќе ви го вратиме назад.

Вистината е таа, Борисовите деца често пати одеа аргатинки за време на жетвата за вршење на помош кај Павлевци Ванчовци со платена надница. Истото го правеа и родителите Борис и жена му Цветанка со платена дневница. Павлески Ванчо ловџијата без влакно на јазикот мераклија за расправии во тој момент додека се расправа Борисовците биле на чардакот ја слушал расправијата дека Борис протуѓеро се однесува недолично и вулгарно према ванчовиот син Борис.

Ванчо како Ванчо од чардакот домашен почна да вика против Бошески Борис протугеро,  те моља буко бонечка не треси глупости, ќе те пукам. Оди си дома, топлете со Ц. за да не ти настини. Борис протуѓерот му возврати на Ванчо, од твоето пукање ќе се исплаши Стојко, ќе направи голема и мала нужда. Присутните василичари, млади и стари, се изнаслушаа недолични, непотребни расправии, ргања на глас да се смејат. Борис протуѓерот се осети како да се застрами, се изгубе во темницата, си отиде дома.

Бошески Борис протуѓеро прекарот го добил од дедо е на жената му Цветанка, внука од син на Колески Боше протуѓерот. Кога дошол Борис Дојчиноски од с. Бонче кај Бошевци за внуката му Цветанка во 1933 година млад човек со понизок раст, судебел на дедото Боше му се видел како стебло од бука. Иначе, Борис по мајка му Тода му е внук од сестра на Атанас Џамо од с. Прилепец.

По умирањето на Колески Боше во 1939 година зет му Борис ја презема должноста за селски протуѓер со платен годишна руга со жито по еден жител од домаќинствата. Со исселувањето на Борис заедно со фамилијата на син му Панде во 1974 година престанува протуѓерлакот во с. Марул. Ризоски Борис 1906 – 1981 година Прилеп.

Бошески Борис протуѓерот браната е пронашол во дворот каде е остави есента. Павлевци Ванчевци и Борис Бошески и понатака си останаа како пријатели. На нас присутните на огнот ни го сменија плано со мангал муабет околу огнот.

Денот за Василица се провиде, насобраните василичари си разотидоја дома за да се припремаат тие кои ќе одат за Василица во осум саатот утрото како и секогаш каде шетањето започнува од кај Јолевци. Тука е јадаџијата Петрески Алексо Бабјак млад човек на 29 годишна возарст. Времето работеше за него сред селото Коледето, Василица, свадби, првичиња беа повеќето отсвирувани од Алексо Бабјако. Штотуку василичарите излегоја од кај Јолевци се слушна писокот на гајдата на Алексо Бабјако. Во таа веселба сепак нешто веременски се промени, почна да роси ситна роса до половината на денот Василица.

Јас не отидов да шетам за на Василица поради бев тој ден ангажиран за овчарче, ги слушав василичарите развеселени со музика и викотници весели. Овците ги истерав за на пасење заситени со храна, сено, пречка ситната роса повеќе мирно стоеа во местото Долни котел. Со тоа ја искористив нивната смиреност и бев повеќето од времето засолнат во пештерата на патчето во Дренот каде си запали топол оган и во правецот ги гледав Василичарите кога одеа од кај Танески Тане Крстески кај Танески Недан Стојчески. Сакав и јас да бидам со нив на обавезата со овците не ми го дозволи тоа. Исто така, ги гледав василичарите кога одеа од кај Крушковци за кај Јоновци во нашето маало.

Кога се вратив со овците за дома и под белутраците на брежето на Градиште забележав група луѓе на патчето горно на Падарница заминуваа луѓе за во Канатларци, јас без некој голем интерес кој се тие луѓе слевам на чаирот во близината према Ладеци и забележав кај Богдановци со дворот повеќе народ слевајќи со овците за дома према Богдановци наши источни комшии, соседи да Василичарите дома кај Богдановци возрасните василичари под дејство на пијачката од дента направиле во смеја куша се потискале. На некој во таа кула со нож го прободил одоздола Ѓорѓијоски Стојан Галабаро во близината на срцето. Петлицата од фанелата му била преполовена и ножот навлегол во градите 2,5мм во длабина.

Групаат што замина преку Падарница беше како поддршка на Стојан за да не падни по патот за до Канатларци при здравствената ординација за хуманитарна помош, преврска итн. До вечерта дојде и реонската полиција, ги пронајде и повика учесниците при настанот, направија записник за настанот и го предадоја на здравствената и правосудната власт за анализирање на настанот кај фамилијата Богдановци за василичиниот настан од 14 јануари 1958 година.

Со извршената анализа на искажаните сведоштва на учесниците при играње кула на истите во куќата Богданоска и преслекувањето на ножот Павлески Мирко беше осуден на три месеци затворска казна. Мирко се бранеше поради ножот обесен на метален федер на ременот со коскен член да во правењето кула во куќата се отворил сам и можело да прободи и друго лице, но ете се догодило Стојан да биди жртва. Мирко беше нападнат од судството, не тревало да носи оружје на таков слободен и весел ден. Откако Мирко ја одлежа казната направи физичка делба со родителите, браќата и снаата фамилијарно се пресели во Прилеп. За сторената делба имаше потреба поради беше во работен однос како електричар. Занаето електричар Мирко го стекна при отслужување на воениот рок во тогашна ЈНА во летната генерација 1954-1956 годна. Од тој настан на Василица во 1958 кај Богдановци Николовци одлучија повеќе да не пуштаат никакви коледари и василичари да шетаат низ селото, ниту пак да примаат коледари и василичари во нивната куќа.

Павлевци и Николовци од верни пријатели до крвни непријатели. Постарите минати времиња браќата Павлески Јован и Петре биле куќни пријатели со Јошески Никола Галабаро. Петер Павлески добар јадаџија додека Никола надарен пеач често пати за куќните селски слави во прво за нивните куќни слави за денот Петковден кај Павлевци за Св. Никола кај Никола правеле дуел. Истото го правеле и куќните слави на гости низ с. марул. Павлевци поимотни чувале поред крупна стока, овци. Застригот на овците Никола Галабарот никогаш не бил изоставен на стригот на павлеските овци. Никола по политичко чувство се осеќал цуцулист социјалист. Руската социјалистичка револуција продрела и во нашите краеви, па и кај Здравески Јошев Никола кој одел и ја пропагирал револуцијата и во нашите краеви.

Со одржувањето старото пријателство помеѓу Николовци и Павлевци во тоа што Павлески Мирко за неговата женидба во есента во 1953 година за Колеска Секулова Нада од с. Бонче. Куварица за неговата свадба беше Јошеска петрејца Митра Николоска Галабарица родена Пунческа од с. Бонче. Додека младоженците Мирко и нада се поклонуваа во дворот Павлески куварицата Петрејца Митра врзана со шамијата назад со валачката в раце две ора си водеше напред и вртеше со дрвената валачка сокоја работи, буричка на огнот под котлите со храна за свадбарите за вечера.

Loading