ЃУМБИР ПОБЕДУВА РАК НА ДОЈКАТА

Кога сите креваат раце, кога болните се соочуваат со најлошата дијагноза, се бара чаре во природните намирници. Ѓумбирот е корен кој најчесто се користи за приготвување на најразлични јадења. Но, често се користи и во народната медицина, бидејќи е докажано дека помага за лекување на некои здравствени проблеми. Може да ги ублажи дигестивните пречки, да ги намали и лекува воспаленијата, има антибактериски својства и слично. Според некои научни истражувања одличен е за лекување на ракот. Познавачите велат дека е поефикасен од хемотерапијата и ги уништува само канцерогените клетки, за разлика од хемотерапијата која уништува и здрави ткива. Благодарение на ѓумбирот се намалува големината на туморот на простатата дури за 54 проценти. Една состојка која ја содржи ѓумбирот и која настанува со сушење или готвење, се покажала одлична во уништувањето на клетките на ракот на дојката.

Според својот состав, туморот има само 0,2 до 1 отсто матични клетки кои многу тешко се уништуваат. Во состојба се да создаваат нови клетки ако не се уништени. Матичните клетки на ракот самостојно се обновуваат. Отпорни се на конвенционална хемотерапија. Способни се за клеточна делба и создаваат нови туморски колонии. Така се шират во телото. Единствен начин за целосно ослободување од ракот е да се уништат матичните станици на туморот. Тоа е причината поради која ракот повторно се враќа и после навидум успешното лекување со хемотерапија, зрачење или операција.

Една 19 годишна девојка, лекарите ја испратиле на рутинска операција за отстранување на јазолче од дојката. Таа била и на хируршко отстранување дури на три фиброаденоми. Иако бенигни, овие тумори во дојките, лесно може да станат малигни.  Лекарите не знаеле за каков вид на тумор станува збор. Без ултразвук и детални анализи ја испратиле на операција. Наместо 45-минутна операција, доживеала четиричасовен хорор, кој девоката го преживеала во будна состојба. Лекарите откриле уште еден јазол и повторно и препорачале да оди под нож. На девојката í било доста од операции. Се обидела со алтернативен, неинвазивен начин на лекување. Се посветила на истражување на билките и природни лекови, уверена дека мора да постои друго решение за нејзиниот проблем. Открила некои сокови на база на ѓумбир. Го применувала ѓумбирот врз себе и читала литература, истражувајќи ги својствата на оваа билка. Била изненадена од резултатите. Кај докторите се појавила со неверојатни резултати. И рекле дека туморот исчезнал сам од себе. Не биле уверени во ефикасноста. Таа и натаму живее во страв од појава на нови тумори, но е уверена дека ѓумбирот за нејзе направил чудо. Немала проблем три години откако редовно го консумирала.

Лекарите се свесни за позитивните ефекти на ѓумбирот. Затоа постојано го истражуваат, но со резерва и внимателност пристапуваат на секој случај, бидејќи секој пациент е индивидуален случај.

Во архивите е евидентиран случај на една Босанка која пред една деценија проговори за своето чудесно излекување. На жената, која своевремено боледувала од рак на ендокриниот систем, í помогнал ѓумбирот да преживее без хемотерапија и операција.

Еве го нејзиниот лек. 2 поголеми корени ѓумбир и природен пчелин мед. Ѓумбирот се лупи и ренда. Потоа се прелива со медот да биде покриен во густата смеса. Потребно е речиси една тегла мед. Се конзумираат по 4 лажички од смесата рамномерно распоредени во текот на денот.

Ѓумбирот може да се консумира и во комбинација со различни свежо цедени сокови од овошје и зеленчук.

Loading