ЛЕК ЗА 10 ДЕНА ЗА ПАД НА КРВНИОТ ПРИТИСОК

Наместо цела рака апчиња за наутро, за ручек и за после вечера за висок крвен притисок, се зема природен лек за замена на медикаментите. Лекот се прави од 1 литар вода, 500 гр. шеќер и 5 главици кромид. Се зоврива водата со шеќерот и неизлупениот кромид, исечен на четвртини. Се варат на тивко околу 20 минути. Потоа тенџерето се трга на страна и се остава поклопено да се лади 10 часа. Потоа се цеди низ газа и се складира во стаклено шише во фрижидер.

Сирупот се пие по 1 супена лажица трипати дневно 20 минути пред јадење. Третманот трае 10 дена. Се прави пауза од 7 дена, па повторно 10 дена се пие. После тоа целата година е мирна со нормален притисок.

Кромидот е корисен за лекување на разни болести и за јакнење на организмот. Лековитите својства се познати во Стар Египет. Кромидот се бори против патогените микроорганизми. Содржи соли на калциум, бакар, железо и фосфор, корисни за човекот кои ја подобруваат крвта и го јакнат коскеното ткиво. Затоа луѓето велат дека ,,кој јаде кромид, ќе нема болка,,. Овој зеленчук го има во многу народни лекови. Се прават облоги од кромид за лекување на модринки и хематоми, а смесата од кромид и мед е најпознат народен лек за бронхитис и пневмонија.

Loading