ДЕСПИНА Е СЕ ПОДОБРА

Ракомет

Екипите Овче Поле и Деспина одиграа нерешено 17:17 (полувреме 11:11) во Свети Николе, во 8. коло од Супер-женската лига на Македонија. Прилепскиот тим испушти водство во последните секунди. Меѓутоа, вреден е бодот, кој се надоврзува со претходната победа, дома против Скопје. Екипата на тренерот Страшо Илиоски е се подобра и има можност за нов успех на наредниот меч, дома со Гевгелија. На табелата Деспина е на 12. место со 4 бода, Гевгелија на последното, 14. без бод.

Во Б-групата од машката Супер-лига, Прилеп, по поразот со 32:28 од Вардар во Неготино, викендов гостува на Вардар во Скопје.

Loading