НАПИТОК ОД БИБЛИЈАТА

Забележан е и во библијата, а древните Египќани први го користеле во медицински цели. Таткото на медицината Хипократ препорачувал концентрат од маслинови листови за заболени од разни состојби. Лековитоста на маслиновиот лист се споменува во библијата. Се нарекува ,,дрво на животот,,. Луѓето не се доволно запознаени со моќите на маслиновиот лист користен 3 500 години, а поседува антивирусни својства. Понекаде делува подобро од фармацевтските антибиотици.

Екстрактот од маслиновиот лист го јакне имунолошкиот систем, спречува вирусни болести како што е грипот, олеснува болка во грлото, синуситис и воспаление на белите дробови, лекува артритис, псоријаза, хроничен умор и настинки, делува при лекување на рак и противгабично при атлетско стапало, габи на нозе, спречува остеопороза, помага при слабеење и  го одржува менталното здравје.

Маслиновото гранче е познато како симбол на мирот. Затоа не зачудува што чајот од маслиновиот лист делува смирувачки, опушта и благотворно делува врз општото здравје.

За чај се потребни суви листови од маслинка и 2200 мл. вода. Листовите се ставаат во зовриена вода и се варат уште 10 минути. Се тргаат од оган да се излади 15 минути. По желба се додава лимонов сок и мед да се збогати вкусот. Се консумира редовно неколку седмици.

Loading