ТЕШКО: 4 МЕЧА ЗА 2 ДЕНА!

Пинг-понг

Претстојниов викенд во Скопје се четири рунди од машката Супер лига на Македонија. Пред екипите е голем напор. Прво утре (сабота) е 4. и 5. рунда, каде се мечевите Младост 96 – Вардар, Младост – Крива Паланка 2007, Младост 96 – Крива Паланка 2007 и Младост – Берово. В недела се 6. и 7. рунда, со дербито Младост – Младост 96, па Младост 96 – Берово и Шампион ФА – Младост.

Претходно беа две рунди – втората и третата, каде се случија само победи на прилепските екипи. Шампионот Младост 96 со 4:1 ја совлада Пелагонија, со 4:3 Работнички, а Младост со 4:0 беше поуспешен од Работнички, со 4:0 и од Вардар. Редоследот на табелата е, Младост 96 и Крива Паланка по 6, Младост, Шампион ФА и Вардар 5, Берово, Пелагонија и Работнички 4, Крива Паланка 2007 и Телеком нец 2 – 0.

Две победи постигна и прволигашот Прилеп (4:0 над Студент и 4:2 врз Кочани), а следат дуели со Радовиш, Борец, Телеком нец и Рисови.

Loading