ГОЛЕМО КОЊАРИ НАД БОРЕЦ

Трета

Нема стонастотно сигурен фаворит за првото место во Третата лига. Се типуваше на велешки Борец, доскорешниот прволигаш, но не е. Во недеата изваде само 0:0 со градскиот ривал Превалец. Тоа го искористи Големо Коњари, кое со победата од 2:0 над Младост од третото се искачи на првото место од табелата. В недела е токму дербито Борец – Големо Коњари, каде ќе се види дали е можно да му се расипат сметките на велешкиот клуб. Интересен меч в недела (14 ч.) е Ултрас – Превалец на вештачката трева.

Табела: Големо Коњари 12, Борец и Превалец 11, Марена 10, Росоман 9, Слога 8, Младост 7, Питу Гули, Локомотива и Ултрас 6, Бучин 0.

Loading