НОВАТА ПОБЕДА СЕ СТРЕМИ КОН ВРВОТ!

Футсал

Во 1. рунда од Втората футсал-лига на Македонија, Победа – Јувентус Серава 9:6. Новоформираниот клуб за мал фудбал (футсал) го совлада довчерашниот прволигаш од Скопје. Пред многубројната публика во “Ричко” стрелци беа: Борче Макешоски, Виктор Тошески 4, Бобан Ѓорчески 2, Илија Ристески и Владимир Ачкоски. Кога во прашање е Победа, се е можно:

– Штом го победивме кандидатот за првото место, можеме кон врвот од табелата – вели капитенот и претседател Никола Трајкоски.

Покрај петте стрелци и капитенот, настапуваат уште: Давор Илиоски, Стефан Спиркоски, Борче Сркески, Никифор Ујгуноски и Кире Наумоски. Следниот меч е Кратово – Победа.

Loading