КОМУНИКАЦИЈА, НОВА КНИГА ОД М-Р ДУШАН ТАЛЕВСКИ

“Комуникација – мое размислување” е новата книга од м-р Душан Талевски, во која го пренесува неговото размислување, што не  е став, за тоа што е комуникацијата. Или како што вели “тоа не став, туку гледиште за комуникацијата која е потреба на луѓето”.

– Комуникацијата се случува секој ден со роднини, пријатели, колеги, во продавница… и овозможува да ги работиме сите дејности. Комуникацијата е пренесување на свои идеи и разбирања на другите. Ако комуникацијата е добра овозможува клима за добро работење, ги подобрува односите во сите области и ја зголемува мотивацијата, а со тоа ги подобрува резултатите во организациите. Сегашните форми на комуникација не се на ниво. Има подобри можности. Мој став е дека во минатотото комуникацијата беше попринципиелна, покултурна, пореспектабилна, на пошироко ниво, во подобра форма. Сега имаме еднонасочна комуникација, често од неквалификувани луѓ. Малку се прави проверка на успешноста на комуникацијата, потешко е комуницирањето со функционерите и има комуникација како “сезнајковци” – пишува во предговорот на книгата Талевски, кој преку примери, стручна литература, посочува дека комуникацијата треба да биде јасна.

Комуникацијата во современото општество е одржување на доброчовечки односи и развивање на деловните односи.

М- р Талевски работеше како маркетинг менаџмент, а во 2020 година ја издаде книгата “Организација, организациско однесување и маркетин”“.

Loading