АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Пред тебе аплаудира, а зад тебе гроб ти копа.

*

Каква е тоа перспектива без јасна патека.

*

Не нудете ни пат кон беспаќето.

*

Данок на луксузни стоки, а на луксузни плати?

*

Сладок живот брзо загорчува.

*

Откако забиберија решија и фефероните да се луксуз.

*

Сака да влезе во ЕУ, а размислува како да влезе во самопослуга.

Д-р Хаџи-Васков

Loading