ШТИП Е ВИСТИНСКИОТ ТЕСТ

Кошарка

Екипата Мега баскет со високи 121:67 го “прегази” довчерашниот прволигаш Куманово 2009, во 1. рунда од Втората лига. Прилепските кошаркари беа пресилни во салата на ОУ “Добре Јованоски”. Задачата беше завршена уште во првото полувреме, со водството од 68:22. Дали овој меч е вистинското мерило за вредноста, ќе се види веќе на следниот дуел, со Соколи во Штип. Претходно штипскиот состав само со три разлика загуби од МЗТ уни во Скопје.

Мега баскет есенва е посилен за Георги Трајковски од Пелистер и Христијан Тодороски од Еуро никел.

Loading