ПРИЛЕП Е 77-МИ ВО ЕВРОПА

Шах

На Европскиот клупски куп во Драч, Албанија, екипата Прилеп го освои 77. место, меѓу вкупно 84 на табелата. Освои 4 бода, преку победите над италијанските Лацио (со 4,5:1,5) и Клуб 64 (со 3,5:2,5). Недостигаше само бод за  да биде во групата екипи меѓу 63. и 70. место. Останува неостварена целта – пласман десетина места погоре од стартното 75. Прилеп петпати загуби (од исландските Викинг и Акурајри, од англискиот Слау шаркс, луксембуршкиот Шифланге и од грчката Чанија).

Шампион е норвешкиот Оферспил.

Loading