СЕДУМ ДЕЦЕНИИ БУЛЕВАР

Фотографијата е од дел од булеварот, кога се уредувал парче по парче. Се дотерувал по социјалистички, со широки улици послани со гранитни коцки, ограничени со зелени огради, цвеќе и дрвја. Архитектите, кои се броеле на прсти, дојдени од Белград, не умееле да ја развијат фантазијата. Притиснати од комунистичките лидери, правеле само плагијати за уредување налик на градовите во социјалистичките земји. Со нивни амин се уривале старите градби на занаетчиските дуќани, од кои денес нема ниту еден да сведочи за задржување на автентичниот изглед на старата чаршија. Паѓале во прашина плитарените ѕидови, се уништувале кепенците, зајдувале занаетите од “нападот на современието врз изветвената цивилизација”. На просторот на денешниот Булевар со плочник во пепел исчезнале дуќаните на стотина мајстори да се протегне улица како писта за “век и веков”.

Единствено што е создадено по капиталистички модел е липовиот дрворед на Булеварот, што сега недоволно се негува, а бил копиран од виенскиот парк Пратер.Политичарите се кандиса и да го ограничат булеварот со липови стебла и центарот малку да мириса на западен дух. Така никнало и шеталиштето, односно корзото од двете страни, така се наредиле повеќе станбени објекти… 

Loading