ГОСТУВА МАЈСТОР СО 10. ДАН

Џудо

В недела (10 ч.) во салата на СОУ “…Ричко” е 13-тото издание на Меѓународниот џудо-турнир во пионерска и кадетска конкуренција “Прилеп, град херој – Цевитана куп” организиран од клубот Сеишин. Се очекува учество на надежни џудисти од повеќе држави. Меѓу високите гости, најавен е 83-годишниот Вук Рашовиќ од Србија, освојувач на меѓународни медали и носител на 10. дан од Сејапонската аики-џудо асоцијација.

Турнирот е по повод 11 Октомври, а со него се одбележуваат 20 години од постоењето на клубот-домаќин.

Loading