ДЕТЕТО МИХАИЛ ГИ ПОБЕДИ СИТЕ СЕНИОРИ!

Моделарство: Светски купови

Спортскиот аеродром кај Мало Коњари беше место за два светски купа во воздухопловно моделарство, организирани од клубот Фил феникс. Централна фигура – Михаил Пожарски, кој со неполни 8 години блесна на Светскиот куп “Македонија” во Ф-1-А (едрилици) со прво место меѓу 24 сениори и јуниори. Тој е прв и во Ф-1-Х (едрилци за млади). Претходно, на Светскиот куп “Трофеј на Прилеп” беше втор во истата Ф-1-Х. Од прилепчаните медали имаат уште: Лука Најдоски (двапати втор кај јуниорите во Ф-1-А), Анастасија Пожарска (трета кај јуниорите во Ф-1-А), Дино Најдоски (прв кај јуниорите во Ф-1-Х).

Учествуваа моделари од 8 држави.

Loading