Сосетки си пијат кафе и едната и се жали на другата:
– Кажувај некој совет, што да правам?
Маж ми ме удира секој пат кога се прибара пијан.
– Не се секирај, го знам лекот.
Купи си чај од камилица и кога ќе се прибере пијан, започнувај да правиш гаргара.
Тепаната не видела некоја смисла во советот, но сепак решила да проба.
По една недела, пак на кафе.
Тепаната и вели на другата:
– Леле, Господ да те богослови!
Откако почнав гаргара со камилица, со прст не ме допре.
– Ееее, па прашај паталец, друго си е кога си ја држиш устата затворена…