ПАДОВА Е ПРВ РИВАЛ НА ПРИЛЕП

Шах: Европски клупски куп во Драч

Од недела, (1 октомври) па до следната сабота (7 октомври), во Драч, Албанија е Европскиот клупски куп во шах. Учествува и екипата на клубот Прилеп. Овае второ учество, по она во 2021 година во Струга, кога го освои високото 14. место. За разлика од тогашниот состав, во кој беа четири засилувања од странство – двајца Срби, Русин и Индиец, сега се петмина прилепчани (ИМ Тони Кироски, Кире Николоски, Горан Готовуша, Дејан Ѓорѓиески, Марјан Дамчески) и еден битолчанец (Алекс Насков). Според распоредот, екипата Прилеп (рангирана на 76. место од вкупно 84 ) в сабота, во 1. коло, се среќава со Падова од Италија (34. место). За Падова играат два велемајстора, два фидемајстора и двајца без меѓународна титула.

– Тешки натпревари се пред нас. Претстои борба за десетина места погоре од 76-тото, почетно – изјави Тони Кироски, капитенот.

На Европскиот клупски куп учесник е уште еден македонски претставник – скопски Гамбит.

Успех на Велески

Фидемајсторот Роберт Велески го освои второто место на меѓународниот шаховски еднодневен турнир “Блиц за сениори 2023” во Струга. Прилепчанецот е највисоко пласиран од петтемина македонски претставници, меѓу 27 учесници од 12 држави. Велески со 8 поени е веднаш до фаворитот, победник на турнирот, велемајсторот Еркел Кит од Англија со 8,5 поени.

Во Струга беше и ВМ Звонко Станојоски, кој за ШК Алкалоид одигра на Светското екипно првенство за сениори над 50 години.

Loading