ЈОВАНОСКА ВТОРА

Стрелаштво

Неколку успешни настапи на стрелците од Херој Прилеп. На третиот Куп на Македонија со воздушно оружје во Охрид, Ирина Јованоска со пушка погоди  го освои второ место меѓу јуниорките. Солидни се резултатите и на Магдалена Ристеска (4. место) и на Фросина Конеска (8. место). Кај јуниорите четврти е Филип Гически. За одбележување е дебитантот со пиштол Андреј Андриев, чиј почеток е пред три месеци, а сега погоди 465 круга.

Клубот Херој Прилеп на 14 октомври е домаќин на четвртиот Куп и на турнирот “Опен Македонија”.

Loading