ГОСТУВА СКОПСКИ ВАРДАР

Ракомет

Бившиот двократен европски шампион, скопски Вардар, гостува викендов во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” на дуел со домашниот Прилеп, во 4. рунда од Б-групата на ракометната машка Супер лига. Актуелниот македонски вицешампион е фаворит со три есенски победи. На Прилеп е да даде посилен отпор, по поразот од Пролет, победите со Бутел и најновата со неготински Вардар (30:22).

Во Супер лигата за жени, тимот Деспина по поразот со 13:27 дома од Металург, викендов гостува на Спартак во Скопје.

Loading