ФЕРДИ БУЛУТ НА ШИРОК СОКАК      

Во Офицерскиот дом во Битола во тек е изложбата на академски сликар Ферди Булут, насловена “Широк сокак во боја”. Станува збор за циклус на визуелни решенија, презентирани преку женското битие, преку визуелен приказ на жената со користење на постапката осветлување, наспроти колористичната симбиоза на композициите.

Ферди Булут е македонски сликар од помладата генерација прилепски автори. Дипломира на ФЛУ во Скопје. Учествувал на изложби во Македонија, Австрија, Франција, Бугарија, Италија и Турција.

Loading