Кога магаре ќе влезе во палата ќе добиеш – штала.
*
Кој се кикоти без престан ќе заплаче кога ќе запре.
*
Не страдаат само оние кои се без совест.
*
Една скапана јаболка ќе ја расипе целата гајба.
*
Нема побратимување со неправедници и неранимајковци кои мафтаат со туѓи
знамиња.
*
Какви се тоа политичари кои одговарат само пред посилни, а не пред народот.
“Д-р Хаџи-Васков”